Руското Министерство за вонредни ситуации објави снимка од вчерашната експлозија на танкер во Керчкиот Теснец, меѓу Азовското и Црното Море, по која тројца морнари паднале во морето и по нив се уште се трага.
Десетмина членови на екипажот на танкерот за нафта биле спасени од бродот „Сириус,“ кој се нашол во близина.
Опубликовано видео последствий взрыва на танкере в Азовском море https://t.co/O6DJtLBYWx pic.twitter.com/YGLNqgjIL9
— РИА Новости (@rianru) October 25, 2020
Керчкиот Теснец е точка на раздор меѓу Русија и Украина, откако Русија го анектираше Крим, а власта на претседателот Путин пред две години пушти во употреба мост долг 18 километри, кој сега е единствената сувоземна врска на Крим со копнена Русија.