ВИДЕО: Руски ММА-борач брутално изрешетан во кафеана среде бел ден

Од:

Поранешниот руски борач во ММА, Шамил Абдулмуслимов, е убиен среде бел ден во градот Касавјурт во Дагестан, кога тројца напаѓачи влегле во ресторанот во кој седел, а едниот од нив со „калашников“ брутално ја изрешетал 35-годишната жртва.

На вознемирувачките снимки од безбедносните камери во ресторанот, се гледа како напаѓачите пристигнуваат во кафеаната, по што влегуваат и го бараат одвоениот дел во кој седел Абдулмуслимов, па отвораат оган врз него. По ова, тројцата вооружени се пресметуваат со еден од луѓето кои седеле на маса со борачот, но тој некако успева да го преживее нападот.

Според руските медиуми, напаѓачите, кои го убиле Абдулмуслимов поради спор за градежна парцела, биле набргу идентификувани од страна на полицијата, а станува збор за Мургамудин Мурадисов, познат локален криминалец, неговиот син и уште еден член на нивната банда.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија