ВИДЕО: Тензии во Белград, десничари се обидоа да го прекинат фестивалот „Мирдита, добар дан“

Од:

Стотици екстремни десничари се собраа денеска во Белград и тргнаа насилно да го растурат фестивалот „Мирдита, добар дан“, посветен на културните врски меѓу Србија и Косово, кoj го организира граѓанското здружение Центар за културна деконтаминација.

И покрај тензиите, фестивалот е отворен, а пред влезот во граѓанското здружение, обезбедени од кордон полицајци, се собраа припадници на десничарските организации, кои извикуваат националистички пароли, пеат песни за Косово и мавтаат со знамиња.

Според српските медиуми, ситуацијата е и натаму напната, а забележани се неколку инциденти, како тој кога од масата бил фрлен навивачки факел кон зградата во која се одржува фестивалот. Претходно, млад човек успеал да се качи на сцената во дворот од зградата, по што го грабнал микрофонот и извикал дека се зборува само за албанските жртви во конфликтот, а не и за српските.

Меѓу собраните е и претседателот на здружението на киднапирани, исчезнати и убиени Срби на Косово, Сима Спасиќ, пред транспаренти со слики од лица на луѓе, поголемиот дел цивили, жртви на злостори на Косово.

Дел од Центарот за културна деконтаминација е облепен со фотографии од погромот над српското цивилно население на Косово во 2004 година.

Куштрим Куличи, претставник на организацијата Интера, која е еден од организаторите на фестивалот, изјави дека „Мирдита, Добар дан“ поминал низ тешки моменти во последните шест години, но дека останал место на дијалогот, место каде што се разменуваат културните пракси и новите достигнувања во уметноста меѓу Приштина и Белград.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски