Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Од:

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку Бугарија стави вето за одржување на првата меѓувладина конференција, која според најавите треба да се одржи за време на Германското претседателство со Европската Унија, односно најдоцна до крајот на годинава.

-Апсолутно не се согласувам со тезата дека треба да поднесам одговорност и да поднесам оставка, бидејќи во предизборието главно ветување ми било почеток на преговорите со Европската Унија. Главен аспект на кој беше насочена кампањата беше борбата против Ковид, новата македонска економија, прочистувањето на правосудството и владеење на правото во државата. Јас не дека ќе избегнам одговори во иднина за било кое прашање, но до последен момент верувам дека ќе успееме во преговорите за разликите со Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека и досега покажале сериозни успеси во договарањата и преговарањата и во напредокот на земјата.

-Денеска сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговори со ЕУ после 15 години. Како и да се спореди ова со претходните владеачки политички структури, сепак сме светлосни години понапред од она што претставува алтернатива во нашата земја, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски