Рекордни 512 новозаразени со коронавирус во Србија во изминатиот ден

Од:

Во последните 24 часа во Србија коронавирусот е потврден кај 512 лица, што е најголема регистрирана дневна бројка од почетокот на пандемијата.

Едно лице е починато како резултат на компликации поврзани со коронавирусот, а вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата изнесува 781. Тестирани се 7.425 лица, а 27 пациенти се наоѓаат на респиратори.

Поради зголемување на бројката на заболени, донесена е одлука редовната седница на Кризниот штаб која требаше да се одржи во петок, итно да се одржи во четврток. Според епидемиологот и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, постои реална опасност од прелевање на лошата состојба со епидемијата од соседните земји во Србија, поради што тој не ја исклучи можноста од воведувањето на задолжителен PCR-тест или серолошко тестирање при влез во Србија.

-Би го побарал тоа и за сите српски државјани. Луѓето од Врање, Бујановац, Прешево секојдневно преминуваат во Македонија да купуваат гориво, да шверцуваат, да тргуваат… а Македонија гори. Да беа само во нашата земја,немаше да имаат контакт со заразените и не би ја ширеле заразата. И Хрватска има огромно зголемување, Бугарија има страшно зголемување, Црногорците секогаш се на високо трето место. Затоа сум за тоа никој да не влегува во Србија без негативен ПЦР или серолошки тест, изјави Тиодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија