Ковид кризата го зголемува бројот на невработени, во септември во евиденција над 151 илјада

Од:

Сто педесет и една илјада и 359 невработени лица се регистрирани во Агеницјата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според обајвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43627 лица.

Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година,
односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19.

Во текот на септември бројот на оние кои стекнале статус на невработено лице изнесува 13702. Во евиденција на невработени се пријавиле 2096, 3880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, 1053 се симнати од евиденција по законски основ, а 1385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа.

Од Агенцијата појаснуваат дека за 4464 лица кои се стекнале со статус на невработени лица во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос, одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Во текот на септември годинава 4664 лица засновале работен однос, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5754.

Корисници на право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во септември 2020 година биле 6800 лица, од кои технолошки вишок се 1755, сезонци 4656 и 389 стечајци.

Во март кога почна ковидкризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107732 невработени лица, во април тој број се зголемил на 114762 лица, во мај на 121187 лица, во јуни 133455 лица, во јули на 141777 лица, во август достигнува 144759 невработени лица и во септември 151359 лица.

Од регионите најголем дел од лицата без работа останале во Скопскиот, во Тетово, Куманово, Гостивар…

Во Скопје од март до септември бројот на невработени се зголемил од 19273 на 29686 лица, во Битола од 4987 на 6720, во Велес од 4021 на 5341, Виница од 669 на 1041, Гевгелија од 960 на 1940, Гостивар 7022 на 10 653, Дебар од 2123 на 2938, Кичево од 2826 на 4037, Кочани од 2593 на 3608, во Крива Паланка 2477 на 2986, Куманово 12412 на 15734, Прилеп од 7157 на 9060, Струмица од 4476 на 6521, Тетово од 13190 на 18563 и во Штип од 2674 на 4344 невработени лица.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он