Народна банка и Финансии на средба со претставници на ММФ разговараа за финансиската стабилност

Од:

Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера се ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Потребно е да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање на навремени мерки, се дел од пораките што произлегоа од состанокот на Народната банка и Министерството за финансии со претставници на Меѓународниот монетарен фонд.

На состанокот, организиран онлајн во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, е истакнато дека последните податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но оти неизвесноста е се уште особено изразена.

На состанокот, како што информира Народната банка, присуствувале гувернерката Анита Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии Фатмир Бесими, директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер, шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле.

Посебно внимание е посветено на предизвиците во следниот период кога приоритет останува справувањето со здравствената криза што ќе биде од суштинско значење за заштита на економијата и на јавните финансии.

Според оцените на ММФ, важно ќе биде и во текот на следните месеци да се дава поддршка на економијата, а мерките да бидат добро таргетирани, да имаат привремен карактер и да се спроведуваат на транспарентен начин.

Од ММФ оцениле дека поголеми инвестициски вложувања во следниот период можат да помогнат да се зголеми потенцијалот за раст на економијата. Како што е истакнато на состанокот, и во текот на ковид-кризата не смее да се заборави на структурните реформи коишто се предуслов за натамошниот долгорочен раст на економијата.

Во контекст на закрепнувањето на македонската економија, од високите претставници на ММФ е посочено дека голема важност е што финансиската стабилност постојано јакне и што постојано се работи на унапредување на регулативата во оваа сфера. Банкарскиот сектор, којшто е носечки столб на финансискиот систем, како што оцениле од ММФ, треба и може да испорача клучна поддршка за економијата и во натамошниот период на ревитализација. бак

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ