(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Од:

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финансии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.

„Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во влада која тврди дека работи за сите граѓани. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, рече Тренчевска.

При тоа посочи дека оваа осуда не смее да трае само еден ден, туку тоа ова мора да биде пресвртница во борбата за достоинство и еднаквост.

„Вчера бевме сведоци на нешто срамно, нешто што не смее да помине како „обична политичка дебата“. Министерката за финансии, Гордана Кочоска, упати навреда која погодува длабоко – не само кон пратеничката Славјанка Петровска, туку кон секоја жена, секој човек кој некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден. Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност“, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст