Фудбалерите на Милан застанаа на страната на тренерот Масимилиано Алегри и тие бараат тој да остана на тренерското место. Најгласни од нив се Стефен Ел Шарави и Кевин-Принс Боатенг кој упатија директни пораки за поддршка на нивниот тренер.
– Алегри заврши голема работа за овие три години и мора да остане. Едноставно Милан не може без него. Ова беше година на многу промени, со доаѓање на нови фудбалери, а следната ќе бидеме подобри. Мораме да работиме заедно и имаме големи шанси да ја освоиме титулата, изјави Боатенг.
За Ел Шарави од голема важност е тренерот да остане и со тоа да се запази континуитетот на работата.
– Милан има голем тренер и мора да го задржи. Доколку останеме во овој состав и со овој тренер во следната сезона успесите ќе бидат на наша страна, истакна популарниот „фараон“.