Ирска се враќа на највисокото ниво на ограничувања во државата поради ширењето на Ковид-19

Од:

Ирскиот премиер Мајкл Мартин синоќа го потврди враќањето на државата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против новиот коронавирус, што ќе трае шест недели.

Нивото на ограничувања за Ковид-19 од сегашното – 2 се подигнува на ниво – 5, највисоко.

Мерките ќе почнат да се применуваат од утре и се меѓу најстрогите во Европа.

Тоа ќе значи – затворање на малопродажбата освен за основни потреби, ограничување на патувањата на граѓаните до пет км. од нивниот дом, а рестораните и пабовите ќе може да работат само за достава. Училиштата остануваат оптворени, ќе продолжат и градежните работи.

– Во обид да се сузбие вирусот, воведуваме веројатно најстрог европски режим, нагласи Мартин во телевизиско обраќање, две недели откако го отфрли тогаш изненадувачкиот апел од здравствените власти да се префрлат на ниво 5, а министрите се спротивставија на нивниот препораки.

– Владата одлучи дека доказите за потенцијално тешка состојба што треба да се појави во следните недели сега се премногу силни, рече Мартин.

– Сакаме да се преселиме на ниво 3 на 1 декември. Сакаме да одиме под Р1, постојано под тоа ниво и сакаме да видиме надолна траекторија на бројот на случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина