Екипата на Шалке од Гелзенкирхен во последното коло од Бундес лигата забележа гостинска победа против Фрајбург со 2:1 со што го освои 4. место и обезбеди учество во квалификациите за Лигата на шампионите.
Токму Шалке на 24 мај во Скопје ќе му биде гостин на Вардар со кого ќе одигра пријателски натпревар.
Последната рунда му донесе среќа и на Хофенхајм кој со ист резултат како Шалке (2:1) славеше победа на гостувањето во Дортмунд кај Борусија и доби можност да игра бараж за опстанок.
Постигнати резултати на другите средби од 34.коло во Германското фудбалско првенство: Аугсбург – Гројтер Фурт 3:1, Ајнтрахт – Волфсбург 2:2, Хамбургер – Баер Леверкузен 0:1, Хановер – Фортуна 3:0, Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 3:4, Нирнберг – Вердер 3:2 и Штутгарт – Мајнц 2:2.
Табела: Баерн 91 бод (шампион), Борусија Дортмунд 66 и Баер Леверкузен 65 (Лига шампиони), Шалке 55 (квалификации за ЛШ), Фрајбург 51 и Ајнтрахт 51 (Лига Европа), Хофенхајм 31 (бараж за опстанок), Фортуна 30 и Гројтер Фурт 21 (испаѓаат).