Град Скопје: „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници

Од:

Град Скопје реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу состојбите и условите во новиот стационар „Лајка“.

„Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици. Новиот стационар за кучиња на ЈП „Лајка“ е нов и модерен стационар, согласно со сите европски стандарди за ваков вид на објекти“, велат од Град Скопје.

„Сакаме да потенцираме дека изминатиов период беа извршени серија на зафати, а како најважни можеме да ги издвоиме:

– Во соработка со Општина Гази Баба, целосно гo легализиравме објектот на стационарот, кој со години функционираше како дивоградба;
– Извршивме целсна реконструкција на двата објекти на стационарот, каде што беше извршена целосна демонтажа на постојните метални боксови и елементи, се изврши реконструкција на покривот, поставена е изолација и фасада која воопшто ја немаше досега;
– Во објектот е поставено ново подно греење;
– Изградена е нова ветеринарна амбуланта во стационарот;
– Добиен е нов простор за администрацијата на јавното претпријатие;
– Изграден е нов парк за кучиња, со терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња, како и нов пристапен пат;
– Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот „Лајка“, покрај подобрувањето на условите, во однос на поранешниот стационар „Вардариште“, двојно е зголемен неговиот капацитет, поточно внатрешниот капацитет е зголемен од 81 на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење и дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња“, информираат од Град Скопје.

Дополнително, Град Скопје потенцира дека овој стационар и програмата се само дел од новиот концепт за хуман третман и справување со големиот број на улични кучиња.

– Една од главните цели во воспоставувањето на систем за контрола на нивната популација бара вклучување на повеќе општествени чинители, а клучен во него е процесот на чипирањето на уличните кучиња и домашните миленици што го реализира Агенцијата за храна и ветеринарство, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски