Здравствениот систем ќе даде резултати подобри и од други европски држави, порача премиерот Заев

Од:

Здравствениот систем сигурно нема да колабира, имаме обезбедено болнички капацитети за сите. Лекарите, медицинските сестри и целиот здравствен персонал се максимално посветени, полицијата и инспекциските служби си ја вршат работата, а најголема помош ни се граѓаните, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев кој заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски извршија увид на изведувањето на асфалтирање на булевар и улици во ТИРЗ Скопје 2.

-Ако навистина ги почитуваме мерките, можеме многу да им помогнеме на лекарите кои ви потврдувам дека се истоштени и изморени. Заради своето здравје, здравјето на нашите родители, пријатели и роднини… апелирам да ги почитуваме мерките, а здравствениот систем сигурно ќе се снајде, ќе опстои и ќе си ја заврши својата работа. Убеден сум дека тоа ќе биде поуспешно од многу поразвиени земји од Европската Унија, истакна Заев.

Премиерот прашан за законските измени во насока на спречување на ширење на коронавирусот, информираше дека побарале од пратеничките групи да интервенираат со амандман затоа што, како што рече, тоа можат да го направат и се согласиле на тоа и со самата интервенција на амандманот се отвора можноста мерките кои се последна препорака на Комисијата здравствена заштита да бидат имплементирани.

-Верувам дека до крајот на месецот може да се направи таа измена затоа што таа е една од приоритетите и од таквата измена зависи имплеметацијата на препораките на Комисијата за здравствена заштита, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ