Вучиќ: Србија никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Србија никогаш нема да и воведе санкции на Русија, иако е под притисок и, како што кажа, и понатаму ќе биде под притисок.

-Ние сме на патот кон ЕУ, но, ќе ја зачуваме нашата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија, кажа Вучиќ во интервју за руската агенција Тасс.

Тој посочи дека и Србија била под санкции и оцени дека тие не се најдобра политика.

-Србија плати висока цена. И тоа не доведе до добри резултати, кажа Вучиќ, кој додаде да Србија ќе ја брани својата територија без членство во ниту една воена структура.

„Сакам да и го кажам тоа на целата руска јавност, дека веќе осум години слушам дека Вучиќ сака да ја вовлече Србија во НАТО, дека Вучиќ е предавник кој сака само да ја искористи можноста да го стори тоа … Се покажа дека сите ’големи руски пријатели’ влегле во НАТО, само не и ’предавникот Вучиќ’ “, изјави српскиот претседател.

Тој го повтори ставот дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО или во која било друга воена структура.

Како што рече, Србија ќе биде самоодржлива, независна и слободна држава, која се придржува до политиката на воена неутралност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски