Кипар ги укина ограничувањата врз паричните трансфери во уште осум странски банки

Од:

Кипар ги укина ограничувањата врз паричните трансфери на уште осум странски банки, што работат во земјата, пренесоа американските медиуми.

Министерството за финансии денеска соопшти дека мерката се однесува на либанските Банк Бемо (Banque Bemo), Бе-Бе-А-Це (BBAC), Креди Либанес (Credit Libanais), Банк оф Бејрут (Bank od Beirut), француската Банка Ес-Бе-А (Banque SBA), британската Барклис (Barclaus), јорданската Али Банк (Ahli Bank) и украинската Приватбанк.

На овој начин веќе 12 странски банки во Кипар се без ограничувања за паричните трансфери, но за локалните клиенти продолжува да важи лимитот од 300 евра за повлекување на суми во еден ден.

Кипар во март ја затегна контролата врз банките за да не дозволи нивно истекување од финансикиот сектор, откако се договори планот вреден 30 милијарди евра со партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, што, пак, предизвика големите вложувачи во двете водечки банки на островот да имаат масовни загуби на своите сметки.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ