Осло ја обвини Москва за хакерскиот напад врз норвешкиот парламент

Од:

Русија е одговорна за хакерскиот напад, кој во август беше извршен на норвешкиот Парламент, изјави денеска норвешката министерка за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде.

– Врз основа на информациите кои ги има Владата, наша проценка е дека Русија е одговорна за овие активности, истакна Сореиде.

Парламентот во Осло соопшти на 1 септември дека бил мета на кибер напад во текот на претходната недела, а биле хакирани електронски пошти на неколкумина пратеници и вработени во законодавниот дом. Тогаш властите не наведоа на кого се сомневаат во врска со нападот.

– Ова е сериозен настан кој ја погоди нашата најважна демократска институција, нагласи шефицата на норвешката дипломатија, без да наведе, доколку се случи, какви чекори ќе преземе Норвешка против Русија.

Шефот на Комисијата за надворешни работи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачов, ги нарече неосновани обвинувањата од Осло.

– Како и обично, обвинувањата се изрекуваат без какви било докази или предлози да се разговара за инцидентот на експертско ниво, рече Косачов.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов