А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Полициски претреси во Кичево, запленет хероин и марихуана, дилерот е приведен

by А1он12/10/2020 - 11:3112/10/2020 - 11:32677
Share0

Вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОВР Кичево го лишиле од слобода А.М.(23) од Кичево, поради  сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана.

Добивај вести на вибер

Според МВР, во 21 часот од страна на полициските службеници извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.

По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, каде биле пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, кеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер кеса со остатоци од марихуана.

По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава.

diler drogaheroinkicevomarihuana

Би можело да ве интересира

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Горан Наумовски26/02/2026 - 13:51

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:5024/02/2026 - 13:50

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 08:38

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен