Санкционирани 332 возачи во Скопје, од кои третина за преголема брзина

Од:

Вкупно 332 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, се изречени од страна на МВР во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциските контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу останатите казни се: 48 за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он