Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Стабилно со благ пораст на дневните температури. Во недела ќе има услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.