Светски ден на хипертензијата

Од:

Денеска се одбележува Светскиот ден на хипертензијата. Ширум светот, во периодот од 1980 до 2008 година, забележан е пораст на бројот на лица со хипертензија – од 600 милиони на милијарда, а се предвидува дека до 2025 година тој број ќе изнесува 1,56 милијарди.

Во развиените земји се предвидува дека зачестеноста на хипертензијата ќе се зголеми за 24 отсто, односно за 80 отсто во регионите во развој, како што се африканскиот и латино-американскиот регион.

Зачестеноста на хипертензијата кај возрасното население во светот изнесува 40 отсто, односно приближно 30 отсто во развиените земји на Западот, а кај лицата постари од 80 години изнесува дури 80 отсто.

Ризикот за појава на хипертензија расте со годините од животот, а кај лицата на возраст од 20 до 30 години, еден од десет имаат хипертензија, а на возраст од 50 години пет од десет имаат хипертензија. По 60-та година од животот секое второ лице има хипертензија.

Хипертензијата сама по себе е болест, но и фактор за ризик за настанување на бројни болести, меѓукои се кардиоваскуларни болести, шлог, инфаркт на миокардот, срцева инсуфициенција и периферни васкуларни болести.

Ризик фактори поврзани со појава на хипертензија е присуство на хипертензија кај еден или кај двајцата родители, прекумерно внесување соли, алкохол и фруктоза прекуслатки и газирани пијалаци, дебелина, атеросклероза, недоволна физичка активност, зголемување на вредностите на маснотии во крвта и одделни пореметувања на личноста.

Кога ќе се постави дијагноза на хипертензија, првата тераписка линија претставуваат нефармаколошки методи кои се однесуваат на доживотна промена на одредени животни навики во кои спаѓаат намалување на телесната тежина, посебен режим на исхрана, ограничен внес на соли и алкохол и редовна физичка активност.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он