Неколку илјади каталонски сепаратисти денеска демонстрираа низ улиците на Барселона против посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести и премиерот Педро Санчез.
A huge Catalan rally surrounds the building where the Spanish PM and the so called king try their colonial performance #NoTenimRei
— Help Catalonia ? (@CataloniaHelp2) October 9, 2020
Американските медиуми оценуваат дека со овој израз на незадоволство тие ги продолжуваат тензиите меѓу Каталонија и централните шпански власти.
Полицијата постави барикади околу железничката станица, каде кралот и премиерот присуствуваа на доделување на награди од областа на економијата.
Посетата на водечките шпански лидери на градот доаѓа на помалку од две недели откако регионалниот каталонски лидер, Ким Тор, беше сменет од функцијата со одлука на Врховниот суд на Шпанија. Судот го отстрани од функцијата бидејќи ги прекршил изборните закони на земјата кога одбил да ги отстрани транспарентите од јавните згради, на кои биле испишани пораки за поддршка на затворените сепаратисти.
Уште синоќа помали групи се собраа и палеа фотографии на кралот, но не дојде до поголеми судири со полицијата, како што тоа беше случајот во 2018 година, кога Санчез одржа седница на шпанската Влада во градот.
Каталонското сепаратистичко движење, кое според американските медиуми, има поддршка од околу 7,5 милиони луѓе, сака овој шпански регион да го прогласи за независна држава.