А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Папуљас ја одби поканата на претседателот Иванов да учествува на самитот на ПСЈИЕ во Охрид

by А1он17/05/2013 - 08:51124
Share0

Грчкиот претседател Каролос Папуљас нема да учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што во рамките на македонското претседавање со Процесот ќе се одржи на 1 јуни во Охрид.

Добивај вести на вибер

На прашањето на дописникот на МИА во прес-службата на грчкиот претседател, зошто Папуљас нема да дојде во Охрид, го добивме следниот одговор: – Се уште нема официјален одговор на поканата. Можеби во наредните денови ќе биде даден официјален одговор.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов уште во ноември минатата година му испрати писмо со покана на Папуљас за учество на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Охрид.

„Приоритетите кои беа поставени за време на нашето претседавање и средбите што ќе следат до завршниот Самит, уверен сум, ќе ја помогнат регионалната соработка и напредокот на целиот регион на полето на европските и евроатлантските интеграции“, вели Иванов во писмото до Папуљас.

Македонскиот претседател предлага учесниците на завршниот Самит да се фокусираат на две актуелни и тесно поврзани прашања од глобално значење: намалувањето на ризиците од катастрофи и адаптацијата кон климатските промени, како комплементарни концепти кои се дел од истата равенка, чие што решение мора заедно да се бара. Иванов истакнува дека климатските промени и ризикот од катастрофи се реалност на денешницата, но и реална закана за иднината. Закана која може да се отстрани само со исполнување на преземените обврски и бројни заложби на сите.

„Уверен сум дека интензивната регионална соработка на ова поле ќе ни помогне да изградиме регион поотпорен кон природните непогоди“, заклучува шефот на македонската држава.

Во истото писмо Иванов го информира Папуљас дека на 2 јуни ќе се одржи и 11-от по ред Форум посветен на дијалогот меѓу цивилизациите. Форум кој започна во 2003 година во Охрид и кој даде исклучителни резултати и непрекинато до денес се одржува во соработка со УНЕСКО и Советот на Европа.

И грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос се уште нема официјално одговорено на поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на самитот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ кој ќе се одржи на 31 мај.

На последниот брифинг кај портпаролот на грчкото МНР, на новинарско прашање дали Аврамопулос ќе ја разгледа поканата од Попоски за учество на самитот во Охрид, Делавекурас рече дека програмата на министерот за мај се уште не е финализирана и затоа нема што да соопшти. Молкот од грчкото МНР на оваа тема, се уште трае.

imetopretsedatel

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он26/03/2025 - 15:56

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

Анита Петровска Рајковиќ04/06/2024 - 11:11

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on13/05/2024 - 13:4113/05/2024 - 13:51

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on09/05/2024 - 14:4709/05/2024 - 14:48

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on09/05/2024 - 13:22

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on08/05/2024 - 22:1108/05/2024 - 22:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен