Светските милијардери во пандемијата го зголемиле богатството за над една четвртина

Од:

Во текот на пандемијата на коронавирусот, вкупното богатство на светските милијардери се зголемило и сега изнесува 10,2 билиони долари.

Како што е наведено во извештајот на швајцарската банка УБС, откако почна кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, од април до јули оваа година, богатството на светските милијардери се зголемило за 27,5 отсто, во период кога светот влезе во голема економска криза, а милиони луѓе останаа без работа.

До пораст на нивното богатство дошло првично поради берзанските движења за време на пандемијата, кои биле на најниско ниво во текот на глобалните карантински мерки во март и април.

УБС соопшти дека богатството на милијардерите достигнало нов максимум, надминувајќи го претходниот рекорд од 8,9 билиони долари, постигнат кон крајот на 2017 година. И бројот на милијардерите, исто така, достигна нов максимум, сега се 2.189, а во 2017 година биле 2.158.

Јозеф Стадлер, шеф на одделот за глобална семејна канцеларија на УБС, смета дека милијардерите уште повеќе профитирале од кризата бидејќи купуваат повеќе акции од компании во момент кога економиите низ светот крахираат.

Вредноста на акциите во некои технолошки компании, кои се сопственост на милијардерите, значително е зголемена во последните неколку месеци.

Сопственикот на американската коропорација Амазон, Џеф Безос и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 189 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Руските милијардери денес се уште побогати

Руските олигарси губат 330 милиони долари дневно поради војната во Украина

Европските милијардери за една година додале 1.000 милијарди долари на богатството

Жарко Настоски

Бил Гејтс повторно со богатство над 100 милијарди долари

Илјада најбогати жители на Британија поседуваат 658 милијарди фунти

Наум Локоски

Свештеник во Сиера Леоне пронашол небрусен дијамант од 709 карати

Ана Ололовска