За време на утрешната дебата кандидатите за потпретседател на САД, Камала Харис и Мајк Пенс, ќе бидат разделени со плексиглас и на растојание од најмалку 3,6 метри.
Причината за таквиот новитет е да не дојде до евентуална инфекција со коронавирус, соопшти Комисијата за организација на претседателските дебати.
Покрај овие две, ќе бидат преземени и други мерки, како што се тестирање на членови на тимот и носење маски за време на дебатата, а секој што не сака да носи маска ќе биде отстранет.
Дебатата ќе се одржи во Солт Лејк Сити, а барањето за превентивни мерки дојде од тимот на демократите.
Двајцата кандидати за потпретседател на САД беа тестирани неодамна и нивниот тест е негативен.
Ова не е првпат да се користи плексиглас за време на дебата, претходниот викенд кандидатот за сенатор на демократите од Јужна Каролина, Џејми Харисон, донесе плексиглас на дебатата со ривалката Линдзи Греј од Републиканската партија на САД.