ОН побараа истрага за убиството на јужнокорејски функционер

Од:

Канцеларијата на ОН за човекови права во Јужна Кореја побара независна истрага за убиството на функционерот во Министерството за океани и риболов од страна на севернокорејските трупи, откако семејството на починатиот побара интервенција на ОН.

Во соопштение објавено на Твитер, Канцеларијата на ОН за човекови права во Сеул напиша дека Северна и Јужна Кореја се обврзани да спроведат „брза, непристрасна и ефикасна истрага“ и резултатите од истрагата да бидат достапни за јавноста, но не спомена дека ОН ќе учествуваат во тоа.

Канцеларијата исто така соопшти дека Северна Кореја, заедно со својот јужен сосед, треба да ги врати посмртните останки на починатиот функционер Ли Де-Џун.

Јужнокорејската Влада соопшти дека нивната истрага сугерира дека Ли сакал да побегне во Северна Кореја, но неговото семејство го негира тоа. Братот на Ли тврди дека сака да ги обелодени „злосторствата“ на Северна Кореја и да бара „фер и објективна“ истрага од страна на ОН.

Функционерот во јужнокорејското Министерство за океани и риболов Ли Де-Џун минатиот месец беше пронајден во водите на Северна Кореја, 36 часа откако беше прогласен за исчезнат.

Јужнокорејското Министерство тврди дека севернокорејски војници го убиле со огнено оружје, а потоа го полиле со бензин и го запалиле.

Пјонгјанг не ги коментираше наводите.

Сеул наведува дека нивниот функционер бил на патролен брод на 10 километри од границата со Северот кога исчезнал. Во соопштението од Министерството се вели дека 47-годишникот ги оставил чевлите во чамецот и изгледа облекол појас за спасување.

Се тврди дека севернокорејските војници подоцна го пронашле и го испрашувале и оти висок функционер на земјата наредил негова егзекуција.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство