Мурто: Трамп планира да учествува во втората претседателска дебата во Мајами

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп планира следната недела да учествува на закажаната претседателска дебата со неговиот демократски ривал, Џо Бајден, и покрај неговата минатонеделна дијагноза за инфекција со коронавирус, изјави неговиот портпарол за „Фокс њуз“, пренесе ДПА.

-Претседателот има намера да дебатира, изјави Тим Мурто за телевизијата на помалку од еден час откако Трамп го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“, каде се лекуваше од Ковид-19.

Втората дебата, појаснува ДПА, на која кандидатите треба да одговорат на прашања од гласачите, треба да се одржи на 15 октомври во Мајами.

Постоеше загриженост дека Трамп можеби бил заразен на неговата прва дебата со Бајден во вторникот, кога претседателската двојка беше застаната на оддалеченост од само два метра.

Двајцата кандидати, на возраст од над 70 години, се во категоријата на високо ризични луѓе за оваа зараза, додава германската агенција.

Бајден во последниве денови постојано има негативни тестови за присуство на вирусот во неговиот организам и порачува дека е подготвен да учествува во следната дебата доколку здравствените експерти велат дека е безбедно тоа да се стори.

Утре треба да се оддржи потпретседателската дебата меѓу кандидатите за оваа функција, актуелниот републиканец Мајк Пенс и кандидатката за демократи Камала Харис.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска