Европол: Разбиена европска мрежа криминалци што тргувале со деца

Од:

Здружени сили на француската и белгиската полиција, поддржани од Европол, оваа недела откри голема криминална мрежа вмешана во шверцување мигранти, трговија со луѓе, вклучувајќи малолетни лица, присилно питачење, измама за социјална помош и фалсификување документи.

Се проценува дека оваа организирана криминална мрежа, која била активна веќе неколку години, заработила околу пет милиони евра, објави Европол.

За време на координираната акција, белгиски локални полиции и француската национална полиција извршиле рации на седум локации и заплениле фалсификувани документи, вклучувајќи лични карти, пасоши и фалсификувани изводи за венчани, за родени и брак, мобилни уреди, златен накит и докази за трансфер на пари.

Француските власти ги уапсиле 13-те лица во регионите на Париз и Лион, вклучувајќи ги и организаторите на мрежата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Нова истрага против Марин Ле Пен

Општ штрајк во Белгија, бунт против реформите на новиот премиер

Горан Наумовски

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина