Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека тој и неговата сопруга се негативни на тестот на коронавирус.
Помпео ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот.
Поради новонастанатата ситуација Трамп ги откажа предизборните митинзи, а засега не е познато дали ќе се одржи следната дебата на двајцата претседателски кандидата, која е закажана за 15 октомври.