Израелскиот парламент ги ограничи протестите за време на карантин

Од:

Израелскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се овозможи владата да ги ограничи јавните протести за време на карантин во целата земја, мерка што предизвика жестоко противење претходниот ден.

Законот дозволува владата да прогласи посебна вонредна состојба за една недела доколку коронавирусот се шири неконтролирано. Во тој случај, за време на карантинот граѓаните ќе можат да учествуваат на протестите, кои се оддалечени најмногу еден километар од нивните домови.

На тој начин, луѓето од оддалечените делови на градот и подрачја надвор од градот ќе бидат спречени да дојдат на протестите против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кои се одржуваат повеќе од четири месеци во Западен Ерусалим.

Кнесетот го донесе законот со 46 гласа „за“ и 38 против во раните утрински часови по долга дебата.

Демонстрантите бараат оставка од Нетанјаху во врска со обвинувањата за корупција и сметаат дека владата не одговорила соодветно на појавата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа