Премиерлигашот Челзи ќе влезе значително ослабен во вечерашното финале од Лига Европа против португалскиот претставник Бенфика. Во составот на Рафел Бенитез ќе го нема белгискиот репрезентативец Еден Азар.
Носителот на играта на Челзи во фазата од нападот има повреда на задната ложа, додека се прават напори да се оспособи капитенот Џон Тери чија повреда е нешто полесна.
И покрај проблемите што ги има Бенитез со составувањето на првиот тим, во Челзи владее оптимизам дека можат да победат и да станат првиот тим кој по триумфот во Лигата на шампионите, следната година ја освоил и Европа лигата.
Од друга страна, португалскиот претставник очекува прекинување на деценискиот пост на европска титула кој трае веќе 52 години. За Бенфика евентуалниот триумф во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа, би бил сатисфакција за несреќно изгубената титула од Порто во домашното првенство викендов со гол примен во судиското надополнување
Финалето на Лига Европа меѓу Челзи и Бенфина ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Амстердам Арена“.