Тешко повреден полицаец при обид да запре возило на „Првомајска“

Од:

Тешко е повреден полицаец, кој на улицата „Првомајска“ се обидел да запре возило кое најверојатно се движело со брзина над дозволената.

Полицискиот припадник е пренесен на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Настанот се случил околу еден часот по полноќ, кога сообраќајната полициска екипа во населбата Пинтија во Скопје стопирала возила кои движеле со брзина над дозволената.

Сообраќајниот полицаец во овој случај, обидувајќи се да го запре возилото со цел да го легитимира возачот, бил удрен од возилото.

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Ден претходно, двајца полицајци беа тешко повредени, од кои едниот имa фрактура на черепот, на коските од лицето и подлактицата, откако беа нападнати од дрвокрадци кај велешкото село Степанци.

„Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело. Имаме приведени четири лица. Идентификувавме уште десетмина. Продолжуваме со претреси и дополнителни активности. Овие лица кои удрија врз полицајците ќе одговараат. Очекувам и реакција од Обвинителството“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој го посети во болница повредениот полицаец.

Во друг случај во околината на Битола, исто така вчера, возач на „Порше“ кој превезувал мигрант се обиде да прегази полицајци што се обиделе да го запрат, по што припадниците на МВР пукаа во возилото и го ранија возачот и мигрантот.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски

Тешка несреќа на патот Кичево-Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници