Коалиција за клима: Нема амбициозни климатски политики без учество на јавноста

Од:

Коалицијата за клима каде членуваат повеќе од 50 организации денеска преку соопштение искажа длабока разочараност што и покрај, како што велат, сите наши заложби и професионално надградување на знаењата во областа климатски промени и отвореност за соработка и поддршка, сè уште наидуваме на игнорирање на граѓаните и граѓанските организации од страна на институциите.

– Иако како држава на време ги поднесуваме потребните известувања во секторот климатски промени, земјата сè уште нема закон и стратегија за климатска акција, како и национален план за прилагодување кон климатските промени – документи кои треба да ја обезбедат имплементацијата на амбициозните климатски цели. За потребата од овие документи ни забележува и Европската унија во последните три извештаи, а истото е евидентирано како огромен недостаток и во третиот извештај за работата од областа животна средина на UNECE, стои во соопштението од Коалицијата за клима.

Според нив, учество и информирање на засегнатите страни и граѓаните во креирање на политиките во секторот климатски промени е една од најважните лекции од развиените земји и едно од барањата од Европската унија која се стреми да се издигне како лидер во климатска акција во светот.

-Климатските промени се сериозен проблем кој навлегува во сите области и ги засега сите заедници и проблем кој драматично го менува и става во опасност нашето секојдневие. Токму затоа граѓаните треба да бидат соодветно консултирани, информирани и вклучени во процесите на пишување и носење на овие национални документи. А граѓанските организации кои активно работат во секторите животна средина и клима можат да дадат голем придонес кога станува збор за застапување на потребите на граѓаните, се наведува во соопштението.

Сметаат дека не е доволно едностраното информирање на граѓаните преку официјалната веб-страница на проектот за закон и стратегија за климатска акција и официјална веб-страница на секторот климатски промени во Министерството за животна средина. Посочуваат дека граѓанскиот сектор игра значајна улога и дава значителен придонес во носењето одлуки во овие сектори, а институциите имаат обврска тој придонес да го земат предвид и за сите преземени чекори да ги информираат и консултираат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска