Горбачов: Русија да спречи натамошен конфликт меѓу САД и Кина

Од:

Пандемијата доведе до влошување на односите меѓу САД и Кина и Русија треба дипломатски да спречи понатамошно продлабочување на конфликтот, изјави поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Тој, за јапонскиот дневен весник „Асахи Симбун“ изјави дека пандемијата го влошила конфликтот што се појавил како резултат на зголемените тензии меѓу САД и Кина и дека ниту едно сценарио за развој на тој конфликт не може да биде позитивен од гледна точка на меѓународната политика.

Поранешниот советски лидер рече дека би било мудро Русија да си постави цел да спречи продлабочување на конфликтот меѓу САД и Кина на дипломатски начин.

Односите меѓу САД и Кина се влошија во текот на изминатите неколку години, меѓу другото и заради царински спорови. Ситуацијата дополнително се влоши со обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг реагирал доцна и несоодветно на избувнувањето на пандемијата во Вухан.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ