СБ на ОН: САД, Русија и Кина си разменија обвинувања за пандемијата

Од:

На состанокот на Советот за безбедност на ОН, Кина, САД и Русија меѓусебно се обвинија дека ја политизирале пандемијата на коронавирусот и дека лошо одговориле на неа.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја истакна важноста на мултилатерализмот на ОН и посочи на некои земји, како што се САД, одлучија да ја отфрлат идејата вакцината за коронавирусот да стане глобално јавно добро достапно за луѓето ширум светот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека пандемијата и заедничката катастрофа што ја предизвика не ги намалија разликите меѓу земјите, туку, напротив, ги потикнаа, пренесоа американските медиуми.

Американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, пак, изјави дека некои претставници „ја трошат оваа можност за политички цели“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека светот не успеа да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19 и дека се плаши од најлошото доколку неговиот одговор на климатската криза биде подеднакво лош.

Гутереш пред Советот за безбедност на ОН изјави дека коронавирусот во моментов е закана број еден во светот.

Тој за неуспехот на меѓународната заедница ги обвини недостаток на глобална подготвеност, соработка и солидарност.

Генералниот секретар на ОН повика на глобална соработка меѓу народите, светските и регионалните организации, меѓународните финансиски институции, синдикатите и другите актери.

-Немаме друг избор, предупреди Гутереш. Или ќе се обединиме во рамките на глобалните институции што одговараат на целта, или ќе бидеме скрешени со поделби и хаос, рече тој на СБ на ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство