Македонската делегација на Евросонг меѓу 10 најпопуларни во Малме

Од:

На официјалната гала вечера за почетокот на 58. Избор на песна за Евровизија 2013, странските медиуми се интересираа за нашите претставници Есма и Лозано.

Македонските претставници на гала вечерта, каде присуствуваа сите учесници, привлекоа најголем број од медиумите кои од нив бараа изјави. За странските новинари е интересен спојот на двајцата пејачи, а најголем број од прашањата упатени кон Есма и Лозано се однесуваа на комбинацијата на двата стила во песната.

„Сидсвенскан“, еден од дневните весници на Шведска, во деветте најпопуларни делегации ја наведе и македонската.

– Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија. Оваа манифестација е само уште еден доказ дека изборот на песна и комбинацијата на пејачи за претставување на Македонија е вистински. Македонија оди во финале, изјави кралицата на ромската музика Есма.

Според Лозано, можноста да се биде покрај првата дама на ромската музика ширум светот е уникатна.

– Да се биде дел од овој настан е навистина големо искуство. Посакувам само добро претставување на Македонија. Тоа навистина ќе ни биде значајно и потребно, додаде Лозано.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

ВИДЕО: Лук Блек е српскиот претставник на Евровизија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хрватска на Евровизија со песна за Путин: Мал подол психопат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Дали оваа песна ќе победи на Евровизија?