Бабиш: Мигрантите треба да се запрат и да се вратат во матичните земји

Од:

Мигрантите кои влегуваат во Европска Унија треба да се запрат и да се вратат во нивните матични земји, изјави денеска премиерот на Чешка, Андреј Бабиш во Брисел пред преговорите за новиот миграциски план на ЕУ, што се планирани за следната недела.

Состанокот на шефовите на влади во ЕУ, на кој ќе се разговара за новиот план за миграција, за Белорусија и за кризата со Ковид-19 одложен е за 1 ооктомври , бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел е во карантин.

Мораме да го смениме системот на грантови и системот на квоти, тоа за нас е неприфатливо. Затоа треба да продолжиме да преговараме… стратегијата би требало да изгледа вака – луѓето кои доаѓаат треба да бидат запрени и да бидат испратени назад во нивните земји, каде ќе им биде пружена помош, посочи Бабиш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка