Средба Бектеши – Брнз: САД се наш стратешки партнер – поддршката на бизнисот клучна за развој на економијата

Од:

Досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и САД, но и можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата, беа главни теми на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

Како што соопшти Министерството за економија, на средбата амбасадорката Брнз упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на Бектеши на министерската функција.

Во рамките на состанокот, министерот Бектеши ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори, како и поддршката на младите претприемачи.

Бектеши потенцираше дека од една од главните цели на Министерството за економија е поддршката на малите и средни компании заради зголемување на нивната конкурентност, како на домашниот, така и на странските пазари.

Министерот информираше дека во делот на реформите за подобрување на условите за водење бизнис Mинистерството изготви законско решение со кое се овозможува отворање на фирма со почетен капитал од едно евро, што ќе значи дополнителен поттик за младите претприемачи да се охрабрат да започнат бизнис.

Во делот на енергетиката Бектеши се заблагодари за поддршката што ја дадоа САД во изготвувањето на Законот за енергетика, кој е од стратешка важност за обезбедување на енергетска стабилност на државата.

Тој ја информираше амбасадорката Брнз за стратешките проекти во делот на енергетиката кои што се спроведуваат во моментов и кои е предвидено да се реализираат во наредниот период, што ќе значат подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментот е справување со социо-економските последици предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид-19, како и мерките за рестарт на економијата, се наведува во соопштението на Министерството за економнија.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска