Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Од:

Амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности ќе бидат повлечени, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

-Истите ќе бидат повелечени. Има такви многу. Дел од тие нерегуларности коишто се истражуваат се и нерегуларностите во Министерството за надворешни работи, постапувањето на официјалните органи кои биле дел од МНР, како и некои од амбасадорите кои, за жал, морам да кажам имаат груба злоупотреба на средства на граѓаните од Буџетот, изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на Катастарот.

Амбасадорот и постојан претставник во ОН Љубомир Фрчкоски поднесе писмена оставка до Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до Министерството за надворешни работи.

Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Муцунски исто така на разговор повика и неколкумина други амбасадори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра