Променливо облачно со локален дожд и грмежи, повеќе сонце попладне

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повеќе сончеви периоди во попладневните часови. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови. Под влијание на влажен бран в сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. В недела и понеделник ќе биде променливо облачно и се уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски