Одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ: Мафија се оние кои му глумат статисти на Заев на избори

Од:

„Мафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било каква одговорност“ – реагираат од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест кој партијата го одржа во Скопје.

Еве го во целост соопштението од иницијативниот одбор, кој бара одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски:

„Mафија што му служи на Заев се оние кои ја растураат ВМРО-ДПМНЕ и не дозволуваат промени, форсирајќи ја политиката која што ги оттргнува гласачите од партијата.

Мафија што му служи на Заев се оние кои не мрднаа со мал прст за да ги заштитат членовите на партијата, кои се жртви на политички прогон.

Мафија што му служи на Заев се оние за кои беа објавувани информации за сомнително стекнати хидроцентрали, но институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев, одлучија да не ги чепкаат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои со непотизам се стекнале со звања на факултети, но повторно институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев ги прикриваат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои што државните пари за предизборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ ги делеле по портали кои никој не ги чул ниту видел.

Мафија што му служи на Заев се оние кои одат по теретани и кафеани, ангажираат полиција, фрлаат снимки од камери по буриња за време на корона рестрикции, но институциите за кои се вели дека се под контрола на Заев ги амнестираат.

Додека едни членови на ВМРО-ДПМНЕ добиваат притвори и затворски казни од судовите и обвинителствата, други добиваат ослободување од кривичен прогон.

Затоа сеуште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски е во паника и губи глас кога треба да изглуми некаква загриженост. Мицкоски е прочитан. Тој нема капацитет да го поведе членството и народот. Ваков Мицкоски му одговара на СДСМ и Заев да биде доживотен претседател.

Единствен излез од целосно разнебитување на партијата е одржување на нов вонреден конгрес.

Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски.

Или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски,“ велат од Иницијативниот одбор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски