(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Русковска нема основа за тужба против партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на тужбата која денеска против првите луѓе на партијата ја поднесе обвинителката Вилма Русковска поради употребата на нејзиниот лик во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес се одржа подготвително рочиште во кое што шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска во својство на тужител по поднесена тужба против ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и г. Христијан Мицкоски како претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на кое што беа презентирани дел од доказите од страна на тужителката,“ рече адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.

„Морам да потенцирам две работи кои што се битни за нас. Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што
е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?

И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал,“ додаде Тошковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија