Ќе се обнови и прошири автопатската делница Катланово – Петровец

Од:

Со 7,2 милиони евра ќе се обнови и прошири автопатската делница Катланово – Петровец на Коридорот 10. Градежите работи се очекува да завршат за 10 до 12 месеци. Парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Министерит за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните работи истакна дека делницата од Петровец до Катланово е многу значајна со огле дна тоа што Коридорот 10 е главен крвоток на државата, каде безбедноста мора да биде на највисоко ниво.

-Како што бев информиран се прави сериозна реконструкција и дури и рушење и реконструирање на мостот и на целиот слој на асфалтот заедно со подлогата. Коридорот 10 мора да биде највисоко можно ниво во делот на безбедноста и во делот на модернизацијата. Очекувам дека овде работите ќе завршат во наредните 10-12 месеци со што ќе имаме ефикасен и безбеден транспорт бидејќи при оваа реконструкција ќе се случат и одредени промени на заштитните огради, чистење на каналите што е исклучително и значајно за безбедноста поради одводот на патиштата во текот на движењето на сообраќајот по нив, а со тоа да ги намалиме и сообраќајните незгоди по нив, изјави Бочварски.

Тој повтори дека патиштата се приоритет број еден на Владата, како и дека продолжуват да работат со максимален фокус на реализацијата на капиталните инвестиции.

– Ова е начинот како треба да се работи, како и каде треба да се инвестираат средствата на граѓаните, потенцирапе Бочварски.

Рехабилитацијата со проширување опфаќа 5,179 киометри од десниот и 4.752 киометри од левиот коловоз. На терен се во тек активности за гребење на постоечкиот асфалт на десниот коловоз.

Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патипта Зоран Китанов, на левиот коловоз ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. – На овој потег сега има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. На левиот коловоз ќе се руши постоечкиот мост над Ржаничиски канал од причина што мостот е со две коловозни ленти и ќе се изгради нов со три коловозни ленти, информира Китанов.

И на десниот коловоз на оваа делница ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз, а пред клучката Катланово, во должина од околу 460 метри ќе се прошири со уште една лента, каде што исто таа сега има само две ленти. На десниот коловоз ќе се изврши само рехабилитација на мостот над Ржаничискиот канал.

Соглсно со основните проекти, на левиот и десниот коловоз, во целост ќе се замени постоечката еластична ограда и ќе се вгради нова. Ќе се изврши рехабилитација на одводните канали и ќе се замени 40 проценти од постоечката жичана заштитна ограда на автопатот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска