Воспитувачки заразени со коронавирус во тетовска градинка, група деца во изолација

Од:

Група деца и неколку вработени од градинката „Тетекс“ во Тетово се во домашна изолација, откако две воспитувачки во градинката се евидентирани како заболени од Ковид-19.

„Не е тоа болест што само во градинките би се проширила, можат и од дома да се разболат, така што досега сме немал поголеми проблеми, освен што едната група ни е во изолација. Двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од групата на едната воспитувачка, со родителите сме во контакт, тие се добри и не покажале симптоми, вели директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“, Рамије Даути.

Ова е уште еден случај во низата на воспитувачки во македонските градинки кои се тестирани позитивни на коронавирусот.

Од министерството за труд и социјална политика и од Здравство кажаа дека процесот на згрижување деца во градинките засега ќе продолжи, но доколку има ширење на заразата, можно е да се донесе нова одлука за затворање на градинките.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот