165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Од:

Владината комисија која ги оценува барањата на училиштата за организирање настава со физичко присуство во услови на пандемија одлучи согласност да добијат 169 училишта, информираат од Владата.

Од овие образовни установи, шест се државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно е приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, а 147 се подрачни основни училишта. 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и две приватни училишта не ги исполнуваат условите, одлучи Комисијата.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат четири училишта од кои: две државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште, како и едно општинско средно училиште.

Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава се предлага да добијат десет училишта (пет уметнички, четири општински училишта и едно државно училиште – Спортска академија), велат од Владата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски