На граничниот премин Табановце денеска ќе биде претставен принципот на функционирање на формираните зелени коридори воведени на иницијатива на Царинската управа во вонредни состојби за транспорт на прехранбени продукти и медицинска опрема пред претставници на меѓународни организации.
Пред претставниците на меѓународните организации ќе се презентира One Stop Shop (контрола со само едно запирање), кој се применува со соседна Република Србија од 26 август 2019 година.
Презентацијата ја организира Царинската управа на Република Северна Македонија која оваa година е претседавач со Поткомитетот за царина и потекло во рамки на ЦЕФТА, а во рамки на активностите на Поткомитетот. На Граничниот премин Табановце ќе присуствуваат високи претставници на меѓународните организации – Емир Ѓикиќ-директор на ЦЕФТА Секретаријатот, Матеј Закоњшек-директор на ЕУ Транспортна заедница и Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка.