Куманово ќе урива Гинисов рекорд со меурчиња

Од:

На 25-ти мај во 11 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи интернационален настан од забавен карактер, под името Bubbles sky.

Настанот е во организација на здруженитето Центар за Меѓукултурен Дијалог од Куманово и Student City Council од Познан, Полска, а како главна активност на денот е правење на голем број меурчиња од сапуница и организирање на многу игри и забава за сите присутни.

Македонија за прв пат се приклучува на овој настан од меѓународен карактер, притоа повикувајќи ги сите млади и оние кои се чувствуваат така, да се придружат и заеднички се приближат кон Гинисовиот рекорд за најмногу меурчиња на небото. На настанот ќе има улични анимации, настапи во живо од локалните бендови, цртање на хартија и на луе, наградни игри и неофицијално рушење на Гинисов рекорд во број на меурчиња од сапуница на небото.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он