Руски и ирански трупи во заедничка антитерористичка вежба

Од:

Припадници на Руското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана, заедно со Црноморската флота, ќе одржат заедничка антитерористичка вежба со иранската морнарица за време на стратешките маневри Кавказ 2020 година, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека трупите ќе работат на изолирање, блокирање и елиминирање на областите каде што се стационирани илегални вооружени формации на меѓународните терористички организации.

Министерството додава дека руските и иранските сили, исто така, ќе вежбаат и блокада на воздушните и морските патишта за снабдување со оружје на нелегални вооружени формации.

Во руската стратешка воена вежба Кавказ 2020 учествуваат околу 80.000 луѓе, а се спроведува на повеќе полигони за обука во Јужната воена област.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он