Седумдесет и пет пратеници од владејачкото мнозинството стравуваат од „епидемиска кохабитација“ со пандемијата Ковид-19, затоа тие повикуваат на „масовна“ вакцинација против грипот, како „граѓански акт.
Во колумната објавена во „Журнал ди Диманш“ меѓу потписниците е и пратеникот на Жулиан Боровчик, кој по професија е лекар и тој подвлекува дека „со наближувањето на зимата, ризикот е голем да се види како Ковид-19 ќе се судри со грипот, кој е одговорен за околу 10.000 смртни случаи секоја година“.
-Оваа епидемиска кохабитација може да се покаже штетна со одложувања во дијагнозите, со предизвикување компликации кај најранливите меѓу нас и со предизвикување масовен прилив на пациенти во болниците, додаваат потписниците, кои уверуваат дека тие сите ќе се вакцинираат против грипот.
-Вакцинирањето против грипот ќе стане влог за јавното здравство оваа есен, а пред сè граѓански чин, продолжуваат пратениците.
Пратениците исто така бараат вакцината против грипот, која е бесплатна за луѓето со ризик и оние над 65 години, оваа година да биде бесплатна за сите преку додатните здравствени осигурувања.
-Сите со нетрпение ја чекаме вакцината за коронавирусот. Ајде веќе да ги искористиме постојните вакцини затоа што тие се наши најдобри сојузници во борбата против вирусите, заклучува текстот на пратениците, потпишан особено од поранешниот министер за еколошка транзиција и поранешен претседател на Националното собрание Франсоа де Руги, професорот по медицина Жан-Луј Турен или пратеничката Орор Берже.