Три детски филмови во рамкиѕе на 19. Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“

Од:

Во рамки на 19. Меѓународен фестивал на европски филм – „Синедејс“, утре во дворот на Домот на културата во Кисела Вода, во Расадник, на големо платно за децата, бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови, од кои два цртани и еден игран филм.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, со почеток од 11 часот е цртаниот филм „Момчето фантом“, а од 13 часот е „Неверојатна приказна на џиновската крушка“. Најпознатиот игран филм „Пинокио“ ќе започне во 19 часот.

Меѓународниот фестивал се одржува со поддршка од Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Премиера на филмот „Синиот час“ на 13-ти јули во МКЦ парк кино

Ана Ололовска