Актуелниот европски и германски фудбалски шампион, Баерн Минхен, силно тргна кон одбрана на трофејот во Бундеслигата.
Баварците вечерва, на отворањето на новата сезона во Германското фудбалско првенство, го декласираа некогашниот голем ривал, тимот на Шалке 04, со 8:0.
Головите ги постигнаа: Серж Гнабри – три, Роберт Левандовски, Леон Горетцка, Томас Милер, Лерој Сане и Џамал Мусиала.
Останатите натпревари од првото коло се играат утре и в недела.